Шпанскиот фудбалер за врска, Сеск Фабрегас наскоро би можел да ја напушти екипата на лондонски Челси.
Досега за 31-годишниот Шпанец најголем интерес покажа Милан, а сега во трката по неговиот потпис се вклучува и Монако.
Наводно од Милан биле подготвени да платат околу осум милиони евра за неговите услуги, но од Монако планирале да ја надминат таа понуда со оглед на тоа што тимот игра во лоша форма и на клубот од Кнежевството итно му се потребни големи засилувања.
Инаку, договорот на Фабрегас со Челси истекува по крајот на оваа сезона, а со оглед на тоа што истиот нема да биде продолжен, речиси е сигурно дека Шпанецот ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ веќе во јануари.