Велика Британија сѐ уште може да одржи втор референдум за брегзит, изјави француската министерка за европски работи, Натали Лоазо.
„Вратите и понатаму се отворени, но на нив е да изберат, а не на нас“, изјави Лоазо за француската телевизија Цњуз, пренесе „Ројтерс“.
Лоазо рече дека Франција е меѓу оние земји кои презеле мерки за ги минимализираат сите можни последици, доколку дојде до тоа Британија да излезе од Унијата без договор.
Меѓу оние кои ја заговараат идејата за одржување на втор референдум за брегзит во Британија е поранешниот премиер, Тони Блер, додека премиерката Тереза Меј ја отфрла можноста.