Украинскиот претседател, Петро Порошенко денеска потпиша закон со кој се налага името на Украинската православна црква да се смени во име која ќе ја одразува нејзината поврзаност со Московската партријаршија.
Порошенко тврди дека на тој начин ќе им олесни на православните верници да изберат меѓу новоформираната независна црква или Украинската православна црква, која е поврзана со Московската патријаршија.
-Ќе биде полесно да се избере кога работите ќе се викаат со вистинското име, вели Порошенко.
Тој тврди дека овој закон не ја доведува во прашање верската слобода.
Украинската православна црква остро се спротивстави на овој закон, наведувајќи дека тоа е неуставен обид на државата да се меша во верските прашања.
Откако нацрт-законот беше усвоен во Врховниот суд во четвртокот, повеќе од 1.000 свештеници и верници на Украинската православна црква се собраа во знак на протест пред зградата на парламентот во Киев.
Московската Патријаршија остро се противи на создавањето на нова украинска црква и предупреди дека ќе се предизвика секташко насилство.