Британската полиција објави дека уапсила две лица во врска со инцидентот на аеродромот Гетвик во Лондон. Пред неколку дена властите целосно го затворија аеродроот поради тоа што беа забележани две беспилотни летала како ја надлетуваат пистата.
Осомничените биле уапсени доцна синоќа, се вели во соопштението на полицијата во кое нема повеќе детали, објави Ројтерс.
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ претходно објави дека воздушниот сообраќај повторно е нормализран по привременото затворање поради лет на дронови во близина на пистата.
Во соопштението на управата се наведува дека воените мерки преземени на вториот најпрометен британски аеродром го направиле истиот безбеден за непречено одвивање на авионскиот сообраќај.