Леброн Џејмс го забележа својот трет „трипл-дабл” за Лос Анџелес Лејкерс и 76-ти во својата кариера и ги изведе „езерџиите” до победа над Њу Орлеанс 112:104.
Тоа беше првиот меч на „кралот” против Ентони Дејвис, кој претходно оваа недела објави дека ќе биде одлично ако заигра за Лејкерс, што предизвика незадоволство кај многумина од генералните менаџери на Лигата.
Сепак, пред натпреварот, тренерот на Пеликанас, Алвин Гентри, објави дека нема шанси Дејвис да си замине, се додека има договор со тимот.
Леброн заврши со 22 поени, 12 скока и 14 асистенции, Брендон Инграм додаде 18 поени, откако отсуствуваше во претходните 7 домашни натпревари, а Ражон Рондо се врати на линија со 8 поени и 9 асистенции. Тој не играше во 17 натпревари поради скршена рака.
Ентони Дејвис постигна 30 поени и 20 скокови за гостите, кои губеа со 13 поени во третата четвртина, се доближија на 6 во последната, но сепак не ги загрозија домаќините. Ивица Зубац помогна за триумфот со 16 поени и 11 скокови, додека тимот од Лос Анџелес го подобрија скорот на 19-13.
Резултати од НБА:
Шарлот – Детроит 98:86 (25:21, 20:19, 30:25, 23:21)
Торонто – Кливленд 126:110 (34:28, 25:24, 40:41, 27:17)
Бруклин – Индијана 106:114 (27:37, 22:22, 31:25, 26:30)
Њујорк – Атланта 107:114 (39:28, 30:32, 20:27, 18:27)
Бостон – Милвоки 107:120 (22:35, 26:30, 30:28, 29:27)
Чикаго – Орландо 90:80 (19:20, 27:19, 27:24, 17:17)
Сан Антонио – Минесота 124:98 (29:21, 33:23, 25:27, 37:27)
Портланд – Јута 90:120 (26:33, 23:22, 19:28, 22:37)
Сакраменто – Мемфис 102:99 (24:32, 16:21, 25:21, 37:25)
Л.А.Лејкерс – Њу Орлеанс 112:104 (34:34, 35:31, 25:23, 18:16).