Централниот дефанзивец на Челзи, Давид Луис е категоричен дека тој и неговите соиграчи нема да бидат задоволни со пласман во првите четири во Премиер лигата оваа година. Бразилецот тврди дека „сините” се заинтересирани единствено за освојување на титулата.
Денес тимот од Лондон го пречекуваат Лестер во својот дуел од 18-тото коло, кој стартува во 16 часот по македонско време. Пред неговото одигрување, Челзи се наоѓа на 11 поени зад лидерот Ливерпул, кој вчера го отвори кругот со победа од 2-0 над Вулверхемптон.
– Сите знаат колку е тешко ова првенство, ние мора да одиме чекор по чекор. Се разбира, тренерот се обидува да ги направи потребните пресметки и ни даде насока за следење. Се обидуваме да освоиме што е можно повеќе поени. Ние не се бориме само за топ 4, рече 31-годишниот Луис.
На прашањето дали е можно Маурицио Сари да ја освои титулата во првата сезона, тој одговори потврдно.
– Да, мислам така, иако со одредена воздржаност. Ние цврсто стоиме на земја, одиме чекор по чекор. Се разбира, изгубивме некои бодови и можеше сега да сме во подобра позиција, но сите знаат како стојат работите во оваа лига и како секој може да победи секого. Ова не е моја прва сезона тука, па знам дека сè е можно, заклучи Луис.