Кирил Миноски, бившиот министер за финансии, но и директор на Пазарна инспекција и УЈП е семеен човек, татко на две деца, сопруг и брат. Човек кој што ја дели судбината на сите обични граѓани на државава. За 24 инфо вели дека во моментов работи во сопствена компанија, фокусирана на давање на консултантски услуги во областа на менаџментот, финансиите и управуавањето со промени.Чита книги и се согласува со намалувањето на казните од страна на неговиот наследник Тевдовски.Но не е за прогресивен данок.
Кирил Миноски беше на чело на трите најважни институции во државава. Прв човек на Пазарна инспекција, на УЈП и на крај Министер за финансии. На прашањето што остави незавршено во неговиот мандат и како ги коментира институциите поединечно вели од денешна перспектива раководењето со сите овие комплексни инситутции претставува големо искуство.
– Доколку во управувањето со човечки ресурси говориме за оценка на перформансите на вработените базирана на тн 360° пристап, истото можам да го кажам и за мојата професионална кариера која што започна во приватниот сектор. Потоа продолжи во реномирана меѓународна консултантска компанија на бројни економски проекти за спроведување за реформи во приватниот и јавниот сектор, преку работа на комплексен меѓународен проект во областа на здравствената инфраструктура, за да понатаму продолжи со менаџирање со државни институции. Тоа значи дека мојата професионална кариера сублимира поглед и пристап кој што ги зема во предвид сите аспекти и чинители засегнати од функционирањето на инситутциите . Искуствата што претходно ги имав во спроведување на реформите во јавниот и приватниот сектор се покажаа како мошне корисни- вели Миноски.
Според него кога се зборува за Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи она што е заедничко е надзорот и управувањето со ризикот.
– Кога дојдов на позицијата Директор на Државниот пазарен инспекторат, без запознаен со работењето на институцијата имајќи во предвид дека имав претходно искуство од менаџирање со проект чија што основна цел беше имплементација на нови деловни процеси и воведување на електронски систем за работењето на Државниот пазарен инспекторат. Во меѓувреме беше донесен Законот за инспекциски надзор, со кој што се предвидуваше формирање на Инспекциски Совет како тело кое што имаше надлежност да го следи работењето на инспекторатите и инспекторите. Менаџирањето со Државниот пазарен инспекторат беше комплексно имајќи ги во предвид широките надлежности (работењето на инспекторатот опфаќа надзор над пазарот која што се засновува на околу 40-тина закони и голем број подзаконски акти), инспекторатот ја покрива целата територија на Република Македонија и има околу 400 вработени. Врши надзор над примената на прописите во делот на надзорот над пазарот, контрола на трговијата, занаетчиството, безбедноста на производите, заштита на потрошувачките права, правата од интелектуална сопственост и сл. Клучна работа во менаџирањето со институциите е лидерството засновано на личен пример и разбирањето на организациската култура на една институција- објаснува Миноски.
Во таа насока почетна точка било и настојувањето да воведе стандард за управување со квалитет ИСО, да се работи на едукација на вработените од аспект на зголемување на превенцијата, воведување на контрола базирана на управување со ризик, настојување да се изготват т.н. чек листи кои што ќе им овозможат на компаниите да се запознаат со законските прописи со кои што треба да се усогласат и сл.
–Активно учествувавме и во меѓународни проекти чија што цел беше унапредување на процесот на надзор над пазарот од аспект на безбедноста на производите, како и размена на информации за небезбедни производи. Клучен предизвик за работењето на ДПИ во иднина, е спроведување на сеопфатна реформа на инспекциските служби, која што треба да доведе до намалување на бројот на инспекторатите, софтверско поврзување на истите, ставање на акцент врз превенцијата, воведување на контроли базирани на критериуми за управување со ризик, намалување на бројот на инспекциските надзори, јакнење на капацитетите во делот на анализа на примероци и сл.- вели Миноски
Втората институција со која што менаџирал е Управата за јавни приходи. Занего таае рбетот на финансиите на земјава.
-Таа обезбедува речиси 60-65 отсто од вкупните средства на приходната страна на буџетот. УЈП е една од најкомплексните институции со 1.350 вработени, организирани во повеќе регионални дирекции. Дојдов во сензитивно време кога притисокот да се обезбедат доволно приходи беше голем. Главниот фокус на промените беше ставен на креирање на стратегија за развој УЈП. Ние бевме првата даночна управа во Европа која што ја примени ткн ТАДАТ методолгија со цел да се утврди институционалниот капацитет и зрелост на УЈП и да се воспостават основни идникатори на основа на кои што се изготви стратегија за трансформација на УЈП. Инаку се работи за методлогија која што е изработена од страна на ММФ. Отпочнавме со процесот на модернизација на ИТ инфраструктурата на УЈП и обезбедивме неповратен грант од Австриската развоја агенција за изработка на ИТ систем на управување со ризици, кој што беше промовиран пред извесно време. Воведовме нов концепт на работа и организацијата на шалтерите со цел да ја направме Управата подостапна за даночните обврзници. За кратко време успеавме да ја зголемиме наплатата за 5,2%- вели претходникот на Тевдовски.
Во работата на УЈП според него остануваат предизвиците поврзани со квалитетот на инспекцискиот надзор, како и креирање на дополнителни контролни механизми со цел да се избегнат долгите судски постапки и несаканите штети во приватниот сектор. Исто така неопходна е промена на организациската култура и пристапот кон даночните обврзници. Според Миноски постојат сериозни предизвици и во делот на имплементацијата на етичките стандарди, за што е неопходно да се интензивира процесот на едуцирање на даночните службеници.
-За Министер за финансии без назначен во еден турбулентен период кога во првите десет дена од обавување на функцијата морав да се соочувам едновремено со бројни предизвици, обезбедување на средства за буџетот на меѓународните финансиски пазари, ребаланс на буџетот, управување со јавниот долг и сл. Отпочнавме повеќе проекти кои што продолжија да се имплементираат и по моето заминување од функцијата во делот на управање со јавниот долг, зголемување на транспрантноста, намалување на буџетскиот дефицит, отпочнавме проект со ИФЦ за вклучување на македонските компании во вредносните ланци на странските директни инвеститори, станавме 10-ти во светот по промени во деловното опкруѓување. Имавме повеќе иновативни идеи и проекти во делот на економскиот развој, конкуретноста. инвестициите, дигитализација…- вели Миноски
Од сегашна перспектива сите овие функции ги смета за тест на карактерот, истите му донеле големо работно и животно искуство. Сепак најголема сатисфакција му причинуваат случајните средби со вработени во инситутуциите или со странки на кои што сте им останале во добро сеќавање со односот и пристапот .
Напрашањето каде сега Кирил Миноски и со што се занимава вели дека работи во сопствена компанија.
– Фокусиран сум на давање на консултантски услуги во областа на менаџментот, финансиите и управуавањето со промени. Моите клиенти се приватни компании од земјата и странство, а исто така ангажиран сум и во неколку меѓународни проекти во горенаведените области. Дел сум од бордот на Шведски тинк тенк за промовирање на ефикасни практики за управување со институции.
За сегашнава власт која најави намалување на казните за фирмите вели дека лично го поздравува намалување на казните и приврзаник сум на т.н. мек пристап.
–Сметам дека акцентот треба да биде ставен на превенцијата, а не на казните. Светските искуства на ткн пирамида на усогласеност покажуваат дека во светски размери најголем дел од компаниите и поедниците (речиси 85%) доброволно ги исполнуваат своите законски обврски. Веќе споменав дека треба да се направи реорганизација и спојување на инспекциските служби, да се воведе контрола исклучиво базирана на соодветни критериуми за управување со ризик, да се намали бројот на надзори, да се стави акцент на превенцијата ( затоа што само во 25% од случаите во законите е предвидена мерка едукација, во 75% од случаите се оди директно на изрекување на казнени мерки), креирање на задолжителни контролни листи кои што транспарентно ќе се објавуваат на веб страните на инспекциските служби и кои ќе бидат достапни за субјектите за контрола, тоа според мене е вистинскиот пристап. Ние мораме да ги заштитеме претприемачите, луѓето кои што креираат вредност од волунтаристичко постапување. Ваквиот пристап ќе донесе многу повеќе средства во буџетот затоа што компаниите ќе бидат поуспешни и ќе се фокусираат на сопствениот бизнис, а не на стравот од казнени мерки- вели Миноски
За укинување на рамниот данок вели дека верува во пазарот како најефикасен механизам кои што дава верификација на работењето.
-Пазарот е тој кој што се базира на принципите на понуда и побарувачката, верувам во приватната инцијатива како двигател на економијата и во политиката на ниски даноци. Гледаме дека рамниот данок и во постоечки услови и во услови на политичка криза успешно ја полни/ше државната каса. Според мене требаше да се оди на решение на проширување на даночната база и јакнење на ефикасноста на УЈП, а задржување на рамниот данок. Противник сум на политика со која што ги казнуваме „успешните” и „креативните”. Речиси челокупниот бизнис сектор се спротистави на зголемувањето на даноците, укажувајќи на негативните последици врз целокупната економија и пред се на определени сектори (ИТ, креативни услуги) и сл. Податоците за индексот на нееднаквост ткн (GINI) коефициент покажуваат дека рамниот данок ја намалил нееднаквоста во периодот 2006 – 2014 година, така да и аргументот за правичност и еднаквост на прогресивниот данок е дискутабилен. Аргументите дека ќе добиме поефикасни институции и подобра инфрастура со прогресивните даноци се дискутабилни- вели Миноски.
Споед него до 2006 година имавме прогресивен данок со неефикасни институции, со лоша образовна, здравствена и патна инфраструктура, така да и тој аргумент не е многу издржан. Тој објаснува дека наскоро ќе можеме да ги анализираме ефектите што прогресивниот данок ќе ги има врз приходите во државната каса, инвестициите, вработеноста, животниот стандард на граѓаните и квалитетот на инфраструктурата и услугите што ни ги нуди државата.Приватно вели дека е човек кој што ја дели судбината на сите обични граѓани на Република Македонија, кој што сака да ја види својата земја богата и просперитетна, земја која што ќе биде економски развиена, привлечна дестинација за глобалните бизниси и туристите, земја на среќни и богати граѓани. Најголем дел од слободното време го користам за рекративно спортување, читање, патување и дружење со пријатели. Особено е заинтересиран за книги со историска тематика.
Валентина Ангеловска