Според ОЈО; тројцата на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркетот „Принц“ извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај оштетениот, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, велат од ОЈО.
Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетениот.
Неофицијално, Беља му се заканувал на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, од кого барал да му се исплатат плати од периодот кога работел во Општината. Иако Ганиу не коментираше за инцидентот, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека Ганиу пријавил закани од Беља.