Судот му определи 30-дневен притвор на крадецот кој на 13 овој месец ја ограби поштата во Прилеп.
Полицијата го приведе А.В.(35) од Прилеп и против него е поднесена кривична пријава заради извршено кривично дело разбојништво. Тој на 13. месецов околу 08.10 часот украде 35 600 денари во пошта на булевар ,,Гоце Делчев“ во Прилеп.