Двократната олимписка шампионка, Микаела Шифрин забележа победа на слаломската трка од Светскиот куп во француски Куршевел.
Американката оствари најдобро време по двете возењеа, пред Влгова од Словачка и Хандсдотер од Шведска.
Резултати на првите пет:
1. Микаела Шифрин (САД) – 1.36.72 (47.70 + 49.02)
2. Петра Влгова (Словачка) – 1.37.01 (47.74 + 49.27)
3. Фрида Хансдотер (Шведска) – 1.37.09 (48.44 + 48.65)
4. Венди Холденер (Швајцарија) – 1.37.86 (48.25 + 49.61)
5. Катарина Линсбергер (Австрија) – 1.38.02 (49.04 + 48.98).
За Шифрин ова беше 35-та слаломска победа и 50-та во кариерата. Во Генералниот поредок води Шифрин со 889 бода, пред Влхова која има 388. Во пласманот за слалом, Шифрин има 400, Влхова 320 бода.