Вработени во Општина Кисела Вода, Агенцијата за млади и спорт, ПСОН Кисела Вода и Цементарница Усје АД играа „Streetball“

Вработени во Општина Кисела Вода, Агенцијата за млади и спорт, ПСОН Кисела Вода и Цементарница Усје АД играа „Streetball“

Денес во организација на Општина Кисела Вода во спортската сала „Независна Македонија” се играше „Streetball “. Екипите на овој турнир беа составени од вработени во Општината, Цементарница Усје АД, ПСОН Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт.

На оваа натпреварување триумфираше тимот на Цементарница Усје АД, додека второто место го освои Агенцијата за млади и спорт предводена од директорот Дарко Каевски. Третото место им припадна на полициските службеници. Општината на најдобрите им додели пехари.

Локалната самоуправа работејќи во насока на омасовување на спортот следната година со побогата програма ќе го организира турнирот „Streetball”.

 

Треба да знаете
Последни објави