Мета: Неоходно е разграничување меѓу политиката и криминалот

Албанскиот претседател,Илир Мета смета дека проверката на потеклото на имотот на политичарите и на нивна евентулана вмешаност во криминални актвности, позната како „ветинг”, е многу значајна и оти треба да се изнајде начин да се реализира.

Според него, како што јави дописникот на МИА, неоходно е разграничување меѓу политиката и криминалот.

– „Ветингот” во политиката е неопходен. Треба да најдеме начин за реализирање на проверката во политиката, изјави Мета.

Реакцијата на шефот на албанската држава доаѓа откако парламентарното мнозинство синоќа не го подржа Предлог-законот за ветинг во политиката предложен од опозицијата.

Мета, исто така, упати апел до власта и до опозицијата,што побрзо да постигнат договор за изборната реформа.

– Страните да постигнат договор за изборната реформа. Договор за враќање на довербата за слободни и фер избори. Доцниме  со изборните реформи, посочи Мета.

Тој изјави и дека ја одобрува одлуката на Владата за протерување на иранскиот амбасадор и уште еден дипломат од Амбасадата на Иран во Тирана,

Кога станува збор за барањата на студентите, Мета повтори дека Владата треба да ги исполни „нивните фер и легитимни барања”.

– Барањата на студентите заслужуваат одговор. Тие се фер  и легитимни. Студентите да се вратат во факултетите и да не бегаат од земјава, изјави Мета.

Инаку, албанските студенти по 17-дневни секојдневни протести, вчера времено ги прекинаа протестните собири поради божиќните и новогодшните празници и најавија нивно продолжуваење на 7 јануари.

Треба да знаете
Последни објави