Притвор за крадецот кој ограби пошта во Прилеп

Судот му определи 30-дневен притвор на крадецот кој на 13 овој месец ја ограби поштата во Прилеп.

Полицијата го приведе А.В.(35) од Прилеп и против него е поднесена кривична пријава заради извршено кривично дело разбојништво. Тој на 13. месецов околу 08.10 часот украде 35 600 денари во пошта на булевар ,,Гоце Делчев“ во Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави