Тоа е газда: На своите 200 вработени им поделил 4 милиони долари новогодишен бонус

Компанијата „FloraCraft“ од Мичиген, САД на своите 200 вработени ќе им даде новогодишен бонус од 4 милиони долари, а веста им ја соопштиле на традиционалната свечена вечера пред божиќните празници.  ја чуваше до таа гала вечера, држејќи ја својата намера како строго доверлива тајна.

Станува збор за фабрика за производи од стиропор наменети за занаетчиската и цветната индустрија, а кои се продаваат и преку „Амазон“. Компанијата е основана во 1946 година, а нејзиниот извршен директор и соптвеник Ли Шенхер ја води од 1973 година.

Во „FloraCraft“ никогаш немало отпуштања поради технолошки вишоци или лошо работење.

Како што најавија од компанијата, секој бонус е направен врз основа на стажот на работниците, па вредноста на наградата ќе биде од 20.000 до 60.000 долари по работник. Вработените ќе го добијат бонусот во два дела. Првиот дел ќе им биде исплатен во готово до крајот на следната година, а другиот на сметката до крајот на март 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави