Турските власти спречија обид за илегален влез на мигранти во Грција

Припадници на турската Крајбрежна стража спречија обид на 44 мигранти за илегален премин од брегот на Турција до грчки остров во Егејското Море.

Според електронското издание на весникот „Милиет”, мигрантите со гумен чамец во текот на ноќта испловиле од местото Дидим во округот Ајдин, но додека се движеле низ Егејското Море биле забележани и пресретнати од припадниците на Крајбрежната стража.

Мнозинството на мигрантите бил Авганистанци, со исклучок на тојца од нив, кои биле државјани на Иран. Меѓу мигрантите имало 16 мажи, 12 жени и 16 деца.

Треба да знаете
Последни објави