Му оставиле бакшиш 20 долари, а кога ги земал…
Младиот Американец Герет Вајман од Канзас, кој работи како келнер, се израдувал кога добил бакшиш од 20 долари. Сепак, нешто друго се криело зад тоа.
Седумнаесетгодишниот келнер, откако гостите го напуштиле ресторанот, под шишето кечап здогледал бакшиш од 20 долари… Или барем така мислел!
Кога се приближил да ги земе парите, следувало разочарување. На лажната банкнота било испишано дека постои нешто повредно од парите, а тоа е Библијата.
Верските фанатици напишале цел текст на лажната банкнота, а помеѓу другото, се наоѓал и дел во кој го прашуваат келнерот дали е незадоволен од својот живот, па му предложиле дека му е потребен Исус Христос.