Специјалниот пратеник на САД во меѓународната антиџихадистичка коалиција Брет Мекгурк поднесе оставка на функцијата, во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на силите на САД од Сирија.
Мекгурк со тоа стана втор американски висок претставник, кој поднесе оставка несогласувајќи се со одлуката на Трамп, по секретарот за одбрана Џејмс Матис.
Десттина дена пред објавувањето на одлуката на Трамп, Мекгурк изјави дека би било неумесно да се смета дека џихадистчката група Исламска држава (ИД) е поразена и дека не би било мудро американските војници да се повлечат од Сирија.
Токму тврдењето дека ИД е целосно поразена, беше главен аргумент на Трамп за повлекување на војниците од Сирија.
Во образложението на оставката, Мекгурк, кого на функцијата го именува претходниот американски претседател Барак Обама во 2015 година, наведува дека „екстремисите се уште не се поразени” и дека „прераното повлекување на американските сили од Сирија ќе создаде услови за јакнење на ИД”.
Оставката на Мекгурк ќе стапи во сила на 31 декември. До именувањето на наследник на Мекгурк, функцијата специјален пратеник на САД во меѓународната коалиција ќе ја извршува неговиот сегашен заменик, генарелот Тери Вулф.