Индија изврши успешен тест на балистичка ракета „Агни-4″

– Индија соопшти дека денеска успешно тестирала балистичка рекета од типот „Агни-4″, која може да носи и нуклеарна боева глава.

Ракетата била лансирана од воен полигон на остовот Абдул Келам во Бенгалскиот Залив, крај брегот на индиската сојузна држава Одиша и ја погодила замислената цел.

– Ракетата, која е една од најновите, има модерна и компактна аеронаутичка радиоелектроника, која гарантира високо ниво на безбедност и прецизност, соопшти индиската Агенција за одбранбени истражуваања и тестирања.

Денешниот е седми тест на ракетата „Агни-4″, која може да погоди цел на далечина до 4.000 километри.

Покрај оваа, во состав на индиската Армија се и балистичките ракети „Агни-1″ со дострел до 700 километри. „Агни-2″ со дострел до 2.000 килоемтри и „Агни-3″ со дострел до 3.000 километри. Се очекува наскоро во состав на Вооружените сили на Индија да биде вклучена и ракетата „Агни-5″, која ќе има дострел до 5.000 километри.

Индиската Армија работи на производство на ракета „Агни-8″, која би имала дострел до 10.000 километри и би можеле да биде лансирани и од подморници.

Треба да знаете
Последни објави