Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека „длабоко жали” поради одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да ја повлече американската војска од Сирија.
– Сојузникот треба да биде некој на кого можеш да се потпреш. Длабоко жалам поради одлуката донесена во врска со Сирија, рече Макрон на прес-конференција во Чад, каде се наоѓа во посета.