На 94-годишна возраст во Ерусалим почина Симха Ротем, последниот преживеан учесник во востанието во Варшавското гето во 1943 година.
Ротем, познат по прекарот Казик, бил еден од најактивните борци на отпoрот на Еврите во текот на Втората светска војна. Тој заедно со неколкумината преживени востаници успеал да побегне од Гетото преку канализациската мрежа,
Погребот на Ротем, кој почина по „долго и тешко боледување”, ќе се одржи утре.
Востанието во Варшавското гето, кое траело до 19 април до 16 мај 1943 година, стана симбол непомирливоста на неговите жителите со суровоста на нацистите и инспирираше многу други движења на отпорот против нацистичката окупација.