Доцна синоќа во Тетово било уапсено едно лице откако претходно двајца тетовци пријавиле дека околу 03 часот по полноќ, откако излегле од дискотека лоцирана на улицата „Маршал Тито“ и се упатиле кон нивните возила кои биле паркирани на истата улица 39-годишен маж им се заканувал со пиштол, соопштија од полицијата.
„Пред нивните возила било паркирано друго возило, од кое не можеле да заминат. По кратко време дошол И.И. (39) од село Мала Речица и почнале расправија околу паркирањето. И.И. им се заканил со пиштол. По преземени мерки, И.И. е лишен од слобода“, велат од полицијата.
За настанот е известен и јавен обвинител, а како што посочија од МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.