На Мицкоски и Јанко Бачев, заеднички им се деструкциите, блокадите, и начинот на делување против НАТО и ЕУ, велат преку соопштение од СДСМ.
„Мицкоски и поранешниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев беа од истиот тим на Никола Груевски, осудениот криминалец кој 11 години ја држеше земјата во изолација, темнина, криминал и неизвесност.
Мицкоски и Бачев се дел од иста антизападна матрица и затоа немаат поддршка од граѓаните.
На Мицкоски и на Бачев треба да им биде јасно дека нема да го блокираат напредокот на Македонија, нема да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ