(Видео) Стотици дедомразовци трчаа низ улиците на Скопје

Во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми трча во центарот на главниот град.

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер. Должината на патеката е само 2 километрa и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.  Стартот и финишот на трката беа на плоштадот Македонија, а се трчаше кон Порта Македонија, Паркот на жената борец, „Холидеј ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Треба да знаете
Последни објави