Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран утринава во 7 и 33 часот во регионот на Вршац, а потресот бил почувствуван и во Белград и Нови Сад.
Засега нема пријавено штети. Земјотресот бил почувствуван на повисоките катови во зградите во Белград и Нови Сад, соопштиле од Републичкиот сеизмолошки завод.
Потресот бил почувствуван и во Бугарија, а епицентарот бил на 14 километри од местото Локве.