Нарачал маица преку интернет, а кога ја облекол сите „паднале“ од смеење
Кога станува збор за нарачување работи онлајн, мора да бидете многу внимателни, бидејќи неретко се случува да стигне нешто што не сакате.
Таков случај имал и Џереми Расел, кој нарачал маица, која ја носат билдерите за да ја истакне својата фигура и мускулите.
Меѓутоа, никако не можел да очекува дека ќе го добие ова.
-Нарача маица, а ми испратија фустан. Една добра работа е што задникот во неа ми изгледа супер – напишал тој.