Засега непознато лице со автомобил удрило во 13-годишно во Скопје и избегало од местото на несреќата.
Според информациите на МВР, вчера во 20 часот на крстосница од булевар Никола Карев и улица 362 се случила сообраќајна незгода во која автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје , а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје.
Возачот со возилото избегал. Детето се упатило во неговиот дом, а потоа негов роднина го однело во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани повреди. По укажаната лекарска помош детето е пуштено на домашно лекување.
Од МВР информираат дека за сообраќајната незгода известен е јавен обвинител и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот