Бројот на жртви во цунамито што се случи вчера вечер во Индонезија порасна на 222, а бројот на повредени на 843. Си-ен-ен пренесува дека властите издале предупредување за нов бран и граѓаните се предупредени да се оддалечат од крајбрежните области.
Сопственикот на ресортот „Танјунг Лесунг“, каде цунамито покоси цел бенд додека имаше концерт, за Би-би-си изјавил дека од урнатините досега се извлечени најмалку 90 тела. „Секоја минута наоѓаме ново тело“, рекол тој.
Додал дека во хотелот имало најмалку 500 гости, од кои повеќето се сметаат за исчезнати.
Локалните медиуми објавија дека пред цунамито немало никакво предупредување.
Експертите анализираат дека цунамито било предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатоа, вулкански остров во Сундскиот теснец, меѓу островите Јава и Суматра.
Од Геолошката агенција на Индонезија соопштиле дека вулканот во петокот еруптирал и дека ерупцијата траела 1 минута и 12 секунди, исфрлајќи пепел во висина од 400 метри.
Во септември годинава повеќе од 2 000 луѓе загинаа по силниот земјотрес во близина на островот Сулавеси и цунами во градот Палу. Индонезија често ја погодуваат земјотреси имајќи предвид дека се наоѓа на Огнениот прстен, линија на чести потреси и вулкански ерупции која речиси во целост ја следи лнијата на брегот на Тихиот Океан.
Во 2004 година во цунами предизвикано од земјотрес загинаа 226 000 луѓе во 13 земји, вклучувајќи 120 000 во Индонезиј