Француските поморски власти презедоа 16 мигранти од рибарски брод кој превезуваше патници преку Ламанш во Велика Британија, соопшти морнарицата.
Како што е наведено во соопштението, меѓу мигрантите имало и две деца, бродот немал навигациски систем и не одговорил на обидите за комуникација кога е пресретнат.
Засега не е познато потеклото на мигрантите.
Последната недела е зголемен бројот на мигранти кои се обидуваат по морски пат да стигнат до Британија.