Луѓето над 40 години треба да работат три дена неделно

Луѓето повозрасни од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена во неделата, се наведува во ново истражување .

Во истражувањето во кое беа опфатени 3.000 мажи и 3.500 жени, на испитаниците им биле поставени прашања за нивните работни навики, како и когнитивни задачи.

До 25 работни часа тие биле многу успешни во решавање на задачите, а потоа сѐ тоа одело послабо и побавно.

– Работата е меч со две острици. Од една страна го стимулира мозокот, а од друга, долгото работно време може да предизвика стрес, како и да ја ослабне работата на мозокот, смета еден од авторите на истражувањето.

Интересно е и тоа што луѓето кои се веќе во пензија, постигнуваат подобри резултати во умствените тестови, во споредба со луѓе кои работат 55 часа неделно. Стандардното работно време е 40 часа неделно.

Треба да знаете
Последни објави