Мигел Анхел Ибара е човекот што 18 години лажел и се претставувал како католички свештеник, и тоа најпрвин во Колумбија, а потоа и во Шпанија.
Човекот што 18 години лажел дека е католички свештеник, конечно, бил откриен во Шпанија.
Ритуалите што тој ги изведувал сигурно ќе бидат признати, објави црквата, но не и
неговите причести и исповеди што ги чул, додаваат оттаму.
Fake Catholic priest unmasked in Spain after 18 years https://t.co/4KnshGc7J2
— BBC News (World) (@BBCWorld) December 24, 2018
Се покажа дека тој бил измамник кога пристигна жалбата поднесена против него во Колумбија. Во неа се наведува дека Ибара ги фалсификувал документите.
По темелна истрага, откриено е дека тој никогаш не добил документи со кои ќе му биде дадено одобрение за врешење на дејноста по што му било наредено да се врати во Шпанија, велат црковните власти.
„Инцидентите како овој може да фрлат сенка врз свештениците што секојдневно служат во името на црквата на најдобар можен начин“, се вели во изјавата на локалната епархија.