Атнинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е навикнато на провизии, криминали и договорени тендери затоа денес измислува непостоечки случаи, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Провизии, криминални тендери и сомнителни зделки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, а јавноста многу добро слушна како Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески, заради лично богатење договараа провизии за автопатите со што нанесоа милионски штети врз Буџетот на Република Македонија.
Граѓаните ја гледаат и чувствуваат очигледната разлика помеѓу криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ кое резултира со економски раст и напредок“, велат во својата реакција од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека економијата денес се движи во нагорна линија, платите растат, растат странските инвестиции, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, расте извозот и индустриското производство, а невработеноста опаѓа.