Министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу повторно го критикуваше премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „убиец на бебиња“.
Ова е продолжение на вербалниот конфликт меѓу турските власти и израелскиот лидер кое станаа се потензични минатиот викенд.
Чавушоглу на прес-конференција со министерот за надворешни работи на Тунис, за време на неговата посета на земјата, нападите од Нетанјаху ги опиша како негов неуспех во обидите да се подели Сирија преку користење на вооружените борци на Курдската работничка партија, која Туција ја смета за терористичка организација.
„Нетанјаху е загрижен бидејќи премногу доцна заклучи дека Сирија не може да се подели. Тој и ПКК делат нешто друго заедничко – тие се и убијци на бебиња“, рече турскиот министер, пренесуваат израелските медиуми.
Курдистанската работничка партија, која беше прогласена за незаконска, води бунт во Турција од 1984 година.
Денешната изјава на Чавушоглу е по повод најновиот вербален напад во конфликтот кој започна во саботата, кога претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го обвини Израел за напад врз невини Палестинците.
Нетанјаху одговори дека обвинувајќи ја Турција дека убива Курди на границата со Сирија. Конфликтот продолжи и во неделата, кога Чавашоглу на „Твитер“ напиша дека „окупатор кој малтретира луѓе додека лежат на земја лесно се навредува“.
На овој удар возврати и изрелскиот премиер кој на турскиот претседател вчера му порача дека Ердоган е окупаторот на северен Кипар, чија армија ги масакририра жените и децата во курдските села во Турција и надвор од неа, и тој не треба да им се обраќа на Израел, рече Нетанјаху.
Ердоган долго време го критикуваше Израел и ги споредува потезите на земјата кон Палестинците со нацистичкото убивање на Евреите во Холокаустот во Втората светска војна, пишуваат израелските медиуми.
Односите меѓу Израел и Турција, некогашни блиски сојузници, повторно се влошија во мај, откако Израелците одговорија на насилните палестински протести по должината на границата на појасот Газа, во кои загинаа десетици Палестинци.