Анри беше добар фудбалер, но како тренер не му оди: Монако е во зоната на испаѓање и стана првиот клуб…

Тиери Анри, никогаш не сонувал дека ќе има ваков лош старт во неговата тренерска кариера. Иако мислеа дека нешто ќе се промени со неговото доаѓање во редовите на Монако, поранешниот шампион на Франција, бележи само лоши резултати.

По завршувањето на 19.коло во францускиот шампионат, Монако се наоѓа на претпоследното 19 место и е во зоната на испаѓање. Последниот пораз од Генгамп со 0:2, не ветува дека работите ќе се променат на добро во екипата на Анри.

Во последните неколку месеци, Монако испиша лоша статистичка приказна откако од месец октомври е најлошиот клуб во петте најсилни првенства во Европа (Шпанија, Италија, Англија, Германија и Франција).

Треба да знаете
Последни објави