Босна и Херцеговина е земјата со убедливо најголем процент на граѓани – дури 43,5 отсто кои живеат надвор од матичната држава, а најголем дел од нив живеат во Хрватска. Ова го покажа мапата на картографот, Јакуб Марин.
Во регионот, според овој извор, на второто место е Албанија, од каде се иселиле 38, 8 посто од жителите, по што следи Македонија со 24,8 проценти од кои најмногу во Турција. Од Црна Гора заминале 22,1 отсто, од Хрватска 20,4 отсто, а од Србија 10,9 проценти од жителите.
Според овие податоци, најголем број Словенци се преселиле во Германија, a Албанци во Италија.
Во светски рамки, Германците се селат во САД, а Британците во Австралија, пренесе „Клих.ба“.