Четиригодишно девојче кое го помина целиот свој живот во болница, конечно е пуштено дома и тоа токму за Божик. Фалин Грејем од Илиноис е родена два месеци пред терминот поради што нејзините бели дробови не можеле целосно да се развијат.
Цело време и е потребен вентилатор што и помага да дише, и секогаш треба да се чува под медицински надзор. Но, нејзината состојба се подобри толку многу што таа беше пуштена дома во четвртокот. Во розова јакна и гушкајќи ја омилената играчка Скуби Ду, таа им мавташе на вработените во болницата која минатите четири години беше нејзиниот дом.
„Тоа не може да се опише. Не можам да пронајдам зборови”, рече нејзината мајка, Тарваршеј Грејем.
Таа и самата има неколку здравствени проблеми, поради лупус три пати неделно оди на дијализа. За да може девојчето да биде отпуштено од болница, семејството мораше да ангажира медицинска сестра која ќе се грижи за неа, додека мајката е на третмани. Таткото на девојчето почина кога таа имаше само два месеца.
Во јануари, здравјето на девојчето почна драстично да се подобрува. Лекарите ја симнуваа од вентилаторот два пати на ден по четири часа, па наскоро стана омилен пациент во болницата, позната по тоа што постојано трчкаше низ ходниците.
Болничкиот персонал преку Фејсбук се прости со неа откако со нив помина 1.208 дена. Оваа година, семејството за првпат ќе се собере за време на празниците.