Жителите на градот Чељабинск, на планината Урал во Русија, денеска излегоа на улиците во знак на протест поради индустриското загадување и смогот што го покрива градот.
Градот веќе две недели е загаден, а како што пренесуваат тамошните медиуми, над градот може да се забележи црн облак.
Ветрот во изминатите неколку дена бил доста слаб и не можел да го расчисти смогот на градот, а локалното население вели дека над градот има црно небо, пренесуваа АП.