Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, по повод Божик изјави дека мотото на австриската влада е да ги разреши спорните прашања без расправии и дека истото им го посакува и на граѓаните.
Не би било лошо да си пријдеме еден на друг, рече тој, во хуманитарната емисија „Светлина во мракот“.
Курц кој е член на Австриската народна партија кажа дека лично не му е тешко да се придржува кон договорот прашањата да се решаваат без расправии и дека секогаш се обидува фактите да ги постави на прво место.
Спомена дека во коалицијата со Австриската партијата на слободата (ФПО), понекогаш постојат разлики во мислењата, бидејќи тоа се две партии со различни основни ставови и вредности, но додаде дека овие разлики се надминуваат со разговор во потесен круг или во четири очи.
Вице-канцеларот, Хајнц-Кристијан Штрахе, инаку лидер на ФПО, потврди дека сите спорови се решаваат интерно и дека секогаш се обидуваат да најдат компромис кој потоа се применува на дело.