Американскиот актер Леонардо ди Каприо (44) со години се бори за поголеми права на животните и за спас на земјата, а сега неговата фондација „Леонардо ди Каприо“ донираше 100 милиони долари за борба против климатските промени. Тој ја формираше организацијата пред 20 години, и тоа е најголемата сума што досега ја собрале. Ди Каприо преку организацијата има поддржано повеќе од 200 проекти на сите континенти и сите океани. Тој има финансирано програми за зачувување на живеалиштата и видовите, обновливите извори на енергија и правата на домородното население.
Без разлика дали се работи за поединци, движења на локално ниво или на големи непрофитни организации, сакавме да се фокусираме на добивање критични средства за оние кои би можеле да имаат најголемо влијание“, рече Леонардо.
Тој глумеше во документарниот филм „Пред потопот” во 2016 година, кој се фокусира на климатските промени. Ние го посетивме секој агол на светот за да ги документираме разорувачките ефекти на климатските промени и да ја доведеме во прашање способноста на човештвото да го промени она што е можеби најтешкиот проблем на човештвото. Сакавме да создадеме филм кој им даде на луѓето чувство на итност“, заклучи актерот.