ККлата Опал, облакодер во Сиднеј, во која се слушнале звуци на потпукнување во ѕидовите, може да се урне, било пријавено кај станарите од соседната зграда.
Компанијата „Меритон“, која ја одржува соседната зграда, ги информирала тамошните станари дека постои можност кулата Опал да се урне.
Околу 140 станари денеска биле евакуирани од Опал, кула која има 33 ката.
Евакуирани се и станари од околните згради, во застој се патничкиот и железничкиот сообраќај во тој дел од градот, а на местото се присутни и екипи од противпожарната и спасувачката служба, објави агенцијата АП.
Инспекторот Грег Рајт за американската агенција изјавил дека во моментов се исклучува дистрибуцијата на вода и гас во зградата, а поради безбедност ќе биде прекинато и снабдувањето со електрична енергија.
Кулата Опал, во која има 392 стана, е изградена во август. Еден закупец изјавил дека слушнал потпукнување во ѕидовите, а друг дека забележал пукнатини меѓу 12. и 13. кат, објави АП.