Учествувајќи во познатото шоу на Елен Деџенерис, актерката Сандра Булок призна дека била вљубена во познат актер, поради што снимањето на филм со него и било многу тешко.
Актерот Киану Ривс е навистина единствен и посебен маж. Тој ја маѓепсува женската публика, но и своите колешки. Ова го потврди и актерката Сандра Булок. Таа заедно со Ривс во 1994 година го снимаше филмот „Брзина”, и сега откри дека и било тешко да се концентрира на работата поради убавиот актер.
„Тешко ми беше да останам сериозна. Кога ќе ме погледнеше, јас се скаменував”, изјави Сандра во емисијата на Елен Деџенерис. Елен потоа ја праша дали некогаш биле заедно.
Ние никогаш не излеговме, веројатно проблемот беше во мене. Не му се допаднав. Многу долго бевме пријатели”, објасни Булок.