Освен што безмилосно го уништуваше зеленилото и ја загрозуваше животната средина, ВМРО-ДПМНЕ преку погубните политики во енергетиката, дополнително го поттикна загадувањето.За време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше укината евтината дневна тарифа на струјата, а електричната енергија поскапе за 100 отсто. Тоа примора илјадници граѓани да преминат на нееколошки начин на загревање, што пак влијаеше за зголемување на загадувањето, соопшти СДСМ.
Според партијата, Христијан Мицкоски како советник на Никола Груевски за енергетика и директор на АД ЕЛЕМ, е еден од соучениците во погубните политики во енергетиката што резултираа со урнисан енергетски систем, скапа струја и зголемено загадување.
,,Наспроти штетите на Мицкоски, денес, Владата предводена од СДСМ, заедно со град Скопје и надлежните институции секојдневно преземаат мерки со за решавање на овој сериозен, долгогодишен проблем.Интезивно се спроведува проектот за гасификација кој покрај помали сметки за граѓаните ќе придонесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип, се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, долг 92 километри. Се работи и на гасификација на Скопје, делницата од Тетово до Гостивар но и во другите градови.
Се враќа изгубеното зеленило. Постојано се засадуваат нови зелени површини низ сите општини во Град Скопје, со што се исполнува планот за оваа година од 130 илјади квадратни метри зелена површина. Тоа е рекордно засадена зелена површина за една календарска година.Паралелно се преземаат низа мерки согласно Планот за чист воздух како засилени контроли на инспекциските служби, расчистување на дивите депонии, набавка на еколошки автобуси, субвенции за набавка на хибридни и електрични возила, нови еколошки начини на загревање на училиштата…Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со своите погубни политики придонесоа да се интензивира загадувањето, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции секојдневно преземаат мерки за решавање на проблемо со аерозагувањето, се додава во соопштението.