Никој не очекуваше дека Манчестер Јунајтед во краток период ќе се соземе од шокот по поразот од Ливерпул и со дури пет гола во мрежата на Кардиф ќе се врати од гостувањето во Велс.
Оле Гунар Солскјер уште во првиот натпревар докажа и покажа дека би требало да биде соодветно решение за клупата на Манчестер Јунајтед во следните шест месеци.
Во Манчестер Јунајтед во следниот период за прв пат ќе назначат директор за фудбал, нешто што имаат повеќето големи тимови. И додека во јавноста се спомнуваат можните кандидати за оваа позиција, славниот поранешен голман на „Ѓаволите“, Питер Шмајхел истакна дека размислува да аплицира за оваа работа.
-Размислувам да аплицирам за работата. Тоа е тешка работа затоа што сите гледаат во вас и ве набљудуваат, но не се плашам. Како секој друг фудбалер, навистина сакам да бидам вклучен во фудбалот повторно.
-Она што е навистина важно е да го вратиме идентитетот на Манчестер Јунајтед назад. Убаво е кога гледам некој кој играл таму и кој може да го донесе менталитетот на Сер Алекс Фергусон дека се вратил во клубот.
-Размислувам да аплицирам. Дали имам квалитет? Ако ви одговорам на ова прашање тогаш со сигурност ќе влезам во игра. Добро ќе размислам за време на божиќните и новогодишните празници и ќе донесам одлука околу тоа- коментираше Питер Шмајхел.