Стопанска комора: Македонските компании потпросечно профитабилни, без иновации и дигитализација

Големите, традиционално етаблирани македонски компании на кои отпаѓаат 90 проценти од домашната економија се на дното во регионот по иновативност и дигитализација. Слабо внесуваат новини, инертни се и не сакаат да ризикуваат.

За разлика од нив, како што беше речено денеска во Стопанската комора, старт-апите и бизнисите од ИТ секторот се подинамични, подготвени на промени, брзо ги прафаќаат трендовите и поради тоа, одлично ја претставуваат Македонија на глобалниот пазар.

-Идната година ќе иницираме соработка на овие две категории компании. Целта е да си помогнат едни на други. Традиционалните големи фирми ќе им го пренесат своето искуство на помалите, на новите страт-апи, а овие ќе ги учат како да се осовременат, да внесат иновации и да се  дигитализираат, истакна Тања Штерјова од Комората.

Според неа, неспорно е дека македонските претпријатија, независно дали се големи, мали или микро, се карактеризираат со потпросечна профитабилност и продуктивност.

-Стапката на профитабилност кај вкупниот број нефинансиски фирми е 11,7 отсто за 2016 година, а продуктивноста многу ниска, 10.659 евра додадена вредност по вработен, наспроти 50.782 евра по вработен кај истите вакви претпријатија во ЕУ. Состојбата е уште понеповолна кај малите и средните претпријатијакои со 9.139 евра додадена вредност по вработен на европскиот пазар треба да се натпреваруваат со преку три пати попродуктивни претријатија кои создаваат 43.310 евра по вработен додадена вредност по фактор на трошок, укажа Штерјова.

Според Игор Маџов од „Старт ап Македонија”, бизнис културата доаѓа од менаџментот кој треба постојано да притиска во насока на внесување иновации и преземање ризик.

Маџов и Штерјова потенцираа дека со предвиденото вмрежување и создавање партнерства меѓу традиционалните компании и старт-апите идната година, ќе се зодаде спрега што ќе овозможи малите полесно да го изодат патот од идеја до конкретен бизниз, а големите да зачекорат од традиционалнто во иновативно, технолошко конкурентно работење.

Треба да знаете
Последни објави