Утре без струја делови од четири скопски општини
Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Скупи” 3 А (позади Олимпико, општина Центар, во периодот од 11:30 до 13:30 часот корисниците од ул. „Ѓорги Капчев” подулица 1, општина Аеродром, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улица „ 52″ во Стопански Двор, општина Ѓорче Петров.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 13:30 до 15:30 часот ќе имат корисниците од улицата „Првомајска„ подулица 18, во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. „Тодор Чангов” подулица 52 во општина Аеродром.