Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува земјоделските производители на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи дека утре истекува рокот за аплицирање за добивање на финансиска поддршка.
Пет денари по килограм ќе добијат земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа да не надминува над 5,5 тони по хектар,026 од род 2018 година и истиот да го предале на регистрирани откупувачи во период од 1 октомври до 25 декември 2018 година.
Финансиска поддршка од три денари по килограм ќе може да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети.
Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.
До утре е и рокот за поднесување на барањата за добивање на финансиска поддршка
За органските производители за следните намени:
- За преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло,
- За трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло,
- За стrучна контрола и сертификација и
- За анализа на својствата на почва и производи.
Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Сите информации и потребни документи може да се најдат во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.