Дедо Мраз тргна да им ги испорача божикните подароци на децата ширум светот, а го испратија помошниците од неговиот дом во Лапонија.
Голем број луѓе се собраа синоќа на мунус 22 степени во Рованиеми, каде што се наоѓа домот на Дедо Мраз, а помошниците приредија перформанс со песни и танци за да му посакаат среќен пат, пренесе „Ројтерс“.
Дедо Мраз кусо се обрати кон присутните, посакувајќи им мирен и среќен Божик, по што со санките натоварени со подароци замина на божиќното патување.
„Се надеваме дека сите вие сте имале убава година. Нормално, има многу работи на светот кои би требало да бидат поинакви“, рече Дедо Мраз.Тој додаде дека Божик ќе донесе моменти кога светот и луѓето ќе се смират на кратко и ќе го поминат времето со семејството и пријателите.