Во Индонезија од ударот на смртоносното цунами во саботата вечерта, според најновите податоци, загинаа 373 лица, додека 1 459 се повредени, соопшти Националната Агенција за вонредни ситуации посочувајќи дека според нив бројот за жртви и натаму ќе расте.
„Бројот на жртвите ќе продолжи да расте”, изјави неиенувана портпаролка на агенцијата, додавајќи дека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по 57-те исчезнати лица.
Цунамито во саботата ги погоди островите Јава и Суматра во Индонезија. Над илјада жители се евакуирани.
Илјадници куќи, згради и други објекти беа уништени од цунамито.