Турскиот весник „Дејли сабах“ објави дека во заедничка акција со српската полиција, припадниците на единицата на истанбулската полиција за борба против наркотици рано утрово во близина на српско-бугарската граница запленила 500.000 таблети екстази.
Весникот наведува дека станува збор за прва операција во борбата против наркотици што турската полиција ја извела во странство, а покрај српската имало учесници и од страна на бугарската полиција.
„Дејли сабах“ повикувајќи се на неименувани извори тврди дека турската полиција ја извела операцијата откако добиле податоци за камион полн со бела техника кој од Холандија се движел кон Турција.
Се наведува дека во операцијата е приведено едно лице.