Туристички брод спаси двајца рибари од Костарика кои околу три недели пловеле по морето бидејќи заспале во чамецот со кој на 1 декември ја напуштиле Костарика и останале без бензин.
Рибарите го спаси туристичкиот брод „Царица на морето“ во петокот вечерта помеѓу островот Гранд Кајман и Јамајка, објави АП.
Како што пренесоа медиумите, рибарите имале многу среќа бидејќи биле спасени, затоа што туристичкиот брод не требало да се движи во тој правец, бродот ја променил насоката на движење поради лоши временски услови.
Двајцата рибари, како што соопштија тамошните власти се добро и на двајца им е обебедена медицинска нега.