Летовите на аеродромот во Бирмингем продолжија кога беше решена грешката во контролата на воздушниот сообраќај, поради која беа стопирани летовите, јавуваат британските медиуми.
Аеродромот во англискиот град претходно соопшти дека привремено ќе ги откаже своите услуги поради грешка во системот за контрола на сообраќајот и упати извинување до патниците.
До прекинот или пренасочување на летовите од аеродромот дојде поради поради техничка грешка што била регистрирана околу 18 часот по локално време, наведе Би-би-си.
АП пишува дека нема знаци оти ситуацијата на аеродромот е поврзана со упадот на дронови кои предизвикаа големи проблеми на аеродромот Гетвик во Лондон минатите денови.
Гетвик, вториот најпрометен аеродром во Велика Британија, повторно беше отворен во петокот, а претходно поради инцидентот со дроновите беше затворен 36 часа, што направи проблеми при патувањето на повеќе од 100 000 лица во екот на празничната сезона.